Club Satelit - Zlatibor


             НОВОСТИ

Travel House
Во октомври 2007 година компанијата Travel House во соработка со својот стратешки партнер од Белград, Србија стана сопственик на еден од најпознатите објекти на Златибор, Клубот Сателит.

 

Travel House
Врз основа на долгогодишна соработка со туристички капацитети и организации од Грција, Бугарија, Канарски острови, Златибор...секоја година во маркетиншки цели добиваме одреден број на промотивни недели кои ги отстапуваме на љубители на патувања.

 

             АМБАСАДИ
 
             УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

 



ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА

 


Домениканската Република се наоѓа на Карибскиот остров Hispaniola, кој го дели со државата Хаити. Северниот брег на Доменикана на кој се наоѓа хотелот Club Villas Jazmin познат е по името Брег на килибароти излегува на Атланскиот Океан. Хотелот Club Villas Jazmin се наоѓа Costembar делот Puerto Platа (за повеќе информации погледнете ја нашата галерија и посетете ја web страната www.villasjazmin.com )

На некои 15 – тина километри од Puerto Platа се наоѓа истоимениот аеродром од кој лесно може да се организира трансфер до хотелот.

Хотелот Club Villas Jazmin нуди пријатна атмосфера во која гостите, персоналот и сопственикот на хотелот се дружат како добри познаници. Непосредноста и позитивноста на вработените во хотелот не можат никого да  остават рамнодушен, као ни звуците на Македонската, Српската и музиката на останатите балкански народи помешани со латино звуците на традиционалната meringue музика. Стандардно добрата атмосфера е она што го одвојува овој хотел од класичните туристички понуди.

Доменикана како тропска земја нуди можност за одмор во текот на целата година. Таму можат да се пронајдат повеќе различни анимации, од потполно релаксирачки одмор на Карибските плажи до различни опции на активен одмор: планинарење, нуркање, сафари... сите екскурзии можат да се организираат во хотелот, а она што треба да се издвои е одењето во главниот град Santo Domingo кој се наоѓа на јужниот дел на брегот на Доменикана.

Santo Domingo е град во кој може да се види: првата улица на Американскиот Континент, првиот затвор, првата тврдина, првата Катедрала на Американско тло. Всушност Santo Domingoе првиот град кој го изградил Колумбо и неговите наследници. Таму се наоѓа монументалниот споменик подигнат во чест на Колумбо во 1992 година. Во главниот град на Доменикана може да се види спој на фантастичната природа на тропските острови и многубројните културно – историски споменици.

 

 

 

TRAVEL HOUSE
член на Стопанска Комора за
Туризам на Македонија








Тајна на бронзен тен
и совршена фигура







Дома   |  За нас  |  Аранжмани  |  Подароци  |  Контакт
(c) Copyright 2009 - TravelHouse, All Rights Reserved.