Travel House
Во октомври 2007 година компанијата Travel House во соработка со својот стратешки партнер од Белград, Србија стана сопственик на еден од најпознатите објекти на Златибор, Клубот Сателит.
Travel House
Врз основа на долгогодишна соработка со туристички капацитети и организации од Грција, Бугарија, Канарски острови, Златибор...секоја година во маркетиншки цели добиваме одреден број на промотивни недели кои ги отстапуваме на љубители на патувања.
Travel House ( Травел Хаус Доо Скопје ) е туристичка агенција со седиште во Скопје на улица Васил Главинов број 12, ТЦЦ ПЛАЗА (II кат). Агенцијата поседува Лиценца А со регистарски број 13-2617/2 од 09.05.2007 година издадена од Министерството за економија при Владата на Република Македонија, а е регистрирана во Централниот Регистар на Република Македонија со матичен број 6149448 и е даночен обврзник со број 4030006607439.
Во функција на своето работење Travel House ги сервисира своите клиенти и во канцелариите во Нови Сад( ПТЦ " Париски Магазин", Краља Александра 12), во Бугарија (Д.Хаџикоцев 112, ЈУЖЕН ПАРК, 1421 Софија), во Белград на 3 локации и тоа во седиштето на Невесињска 16, ПТЦ "Сингидунум" - Узун Миркова 3 и со своја канцеларија во хотел Hyatt Regency Belgrade.
Високиот степен на професионалност, индивидуалниот и индивидуализираниот пристап кон клиентите и нивните желби и цели се основа на филозофијата на работење на агенцијата и тимот кој што ја сочинува.
Во октомври 2007 година компанијата Travel House во соработка со својот стратешки партнер од Белград, Србија стана сопственик на еден од најпознатите објекти на Златибор, Клубот Сателит. Објектот е комплетно реновиран и нуди сместување во традиционална локална атмосвера во ранг на високите светски стандарди. Успехот е крунисан со меѓународното признание добиено на Мадридскиот семинар во октомври 2008 година со што се вбројува во светската понуда на објекти од висока категорија. Со ова покажавме дека локалните предности и пристап може да се промовира и на светско ниво.
Покрај “Club Satelit” и стандардните туристички аранжмани Travel House нуди и индивидуални патувања на повеќе од 4300 објекти во повеќе од 100 држави. Од посебен интерес на туристите се и подарок сместувањата кои Travel House ги одстапува по пат на случаен избор кое на луѓето им овозможува да одпатуваат во Грција, Бугарија, на Канарските острови или во Доминиканската република.
Врз основа на долгогодишна соработка со голем број на објекти и клубови ширум светот во можност сме да доделиме одреден број на подарок патувања на наши потенцијални клиенти, во промотивни цели, кое подразбира сместување во траење од 7-14 дена за 2-4 лица во зависност од дестинацијата на која се патува а се користи во термин по избор на корисникот. Подарокот се доделува по случаен избор и без предуслови (анкети, дополнителни извлекувања или задолжителни членства во некакви клубови), корисникот подарок патувањето може да го организира во сопствена режија или преку агенцијата Travel House.Најчести дестинации на кои што се однесува патувањето се Грција, Бугарија, Канарските острови, Доминиканската република но работиме и на организација на патувања за повеќе од 100 држави ширум светот.
Интерес на објектите со кои соработуваме а на кој се однесува подарок сместувањето е нивните капацитети да се секогаш целосно пополнети, наш интерес е добрата реклама и во голем број случаи и долгогодишни патници кои и понатаму продолжуваат да патуваат преку нас, а клиентот добива бесплатно сместување во објект од висока категорија на атрактивна дестинација.
Наша главна задача е на семејствата, вистинските љубители на патувања, годишниот одмор да им го направиме:
Поевтин (со оглед на тоа што сместувањето е бесплатно), а патувањето може да го организираат во сопствена или наша режија,
Поексклузивен (се работи за објекти од висока категорија и тоа во хотелски апартмани),
Позабавен (сите пратечки содржини во објектите на нашите клиенти им стојат на располагање – бесплатно),
Поорганизирани (помагаме при вадење визи, авио билети, изнајмување на автомобили, организација на дополнителни излети и посети на културно-историски споменици, трговски центри...)
Доколку сте задоволни од одморот во наша организација очекуваме и понатаму да ги користите нашите услуги и да не препорачате на вашите блиски, пријатели, деловни партнери...
TRAVEL HOUSE
член на Стопанска Комора за
Туризам на Македонија